„Ден со природата“ во септември

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Во есен имаме полна кошничка  плодови. Гевгелија може да се пофали со големиот број на плодови  кои се карактеристични  и успеваат во овој  регион. Направивме мала прошетка во градот и во околните дворови можевме да забележиме разновидни овошја кои зреат, јапонски јаболка, грозјe, киви, смокви, калинки. Сите тие треба да ги јадеме бидејќи се полни со витамини и минерали за да бидеме здрави.

41948304_10156724771078288_1998992657048666112_n 42107438_10156724772253288_998253148093022208_n

Го одбележавме 15 септември Светскиот ден  на чистење. Собиравме отпадоци во околината на Фондацијата и Хотелот  Аполонија. Следниот викенд рециклиравме органски отпад, ја собиравме  и селектиравме  нашата градина, направивме компост.Ја продолживме оваа тема и учевме за селектирање и рециклирање на отпад. Бевме  во посета на Близнак Ком, таму вработените ни покажаа на кој начин се селектира и балира отпадокот од пластика и хартија, за да може да се продолжи процесот на рециклирање.

42982653_10156757318903288_5945004468817887232_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here