„Ден со природата“ во октомври

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Првиот викенд од октомври бевме на Негорски Бањи. Овој викенд беше посветен на игри и забава. Насмевката не исчезнуваше од детските лица. Следна наша активност беше пешачење до ридот над селото Мрзенци, таму ги набљудувавме промените кои ги носи есента, зошто се случува тоа и што сè имаме во есен. Во оваа наша активност беа вклучени и децата од прифатниот камп за мигранти Винојуг. Сите заедно игравме игри, певме песни и уживавме во прекрасната глетка.

44140249_10156795199968288_3448430191146172416_n 44138072_10156795200613288_6072641241768525824_n

Третиот викенд од овој месец бевме во посета на фабриката на производство на пластични цевки Конти-хидропласт. Прво ја пoсетивме нивната лабараторија во која се проверува составот на пластиката и квалитетот на издржливост на цевките, потоа трите погони еден по еден. Ја видовме суровината за производство, потоа процесот на производство на цевките и на крај  процесот на рециклирање. Месецот го завршивме со прошетка над селото Негорци, таму учевме за зимзелени и листопадни дрвја. Собиравме шишарки за работилнците што ни се планирани за новогодишниот базар.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here