„Ден со природата“ во месец јуни

Posted in: Ден со природата, Деца со посебни потреби, Образование
Tags:

Месецот јуни го започнавме со изведување на експеримент кој ни помогна полесно да го научиме кружењето на водата, односно за постојаната размена на водата помеѓу атмосферата, водените површини, надземните и подземните води и растенијата.  Следен експеримент беше изведување на вулкан со чија помош децата се запознаа со начинот на кој што функционираат топлите извори со вода, се запознаа со природните богатства што ни ги дава природата и благодетите кои ги имаме од истите.

И покрај топлото време успеавме да направиме прошетка по брегот на браната „Паљурци“ каде што научивме многу за природните и вештачките езера во Р. Македонија, а исто така и да организираме пикник на Негорски бањи кој што традицинално неколку години наназад се одржува. Пикникот беше исполнет со многу игри, забавни експерименти, заедничко дружење во природа.

Месецот го завршивме со музичка работилница одржана од страна на волонтерите на американскиот Мировен корпус во Македонија, Фил и Кристен, кои ни доаѓаат по втор пат во посета. Фил и Кристен продолжија во посета на Центарот за деца со посебни потребни „Мајка Тереза“. Им благодариме на нивното учество и на забавата која ни ја приредија.

 

18953031_10155425838593288_6852364911536585892_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here