„Ден со природата“ во месец октомври

Posted in: Uncategorized
Tags:

Последниот ден од месец септември со децата учесници  во проектот  „Ден со природата“  ја посетивме фабриката за производство на пластични цевки Конти  хидропласт . На децата им беше многу интересно бидејќи можеа од блиску да ги видат машините и суровините за производството на цевките. Истиот викенд, во недела, имавме прилика да ја посетиме колонијата за Ленд арт организирана од Зелената арка, во дворот на поранешното училиштетот во с. Серменин.  Децата беа воодушевени од работната атмосфера и  под водство на уметниците креираа во природа. Следниот викенд, со помош на нашиот пријател Димитар од Иградина учевме како да припремиме компост и чувме зошто е тој користен за природата. Наредните викенди ги посветивме на есента и убавините што таа ги носи, бевме на прошетка низ нашиот град и разговаравме за тоа кои плодови се карактеристични за нашиот регион. Следниот викенд  учевме за диви плодови, направивме мала прошета низ шумичката во близина на Негорски Бањи. Активностите во овој месец ги завршивме со посетата на селото Ново Конско каде зборувавме за зимзелени и листопадни дрвја.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here