„Ден со природата“ во месец ноември

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Првиот викенд од месец ноември имавме топли есенски денови кои ги искористивме со децата вклучени во проектот „Ден со природата“ за прошетка до Вардарски рид каде  учевме за слоеви на почвата.  Направивме експеримент,  ископувајќи почва од неколку различни дестинации,  ги гледавме слоевите на почвата, проверивме дали таа е кисела или алкална.  Овој експеримент ни го спреми  и презентираше нашиот гостин Димитар Самарџиев од Иградина.

Поради лошите временски услови следните два викенда останавме во просторите на Фондација Аполонија и зборувавме за синџирот на исхрана во животинскиот свет, а децата беа водушевени од несекојдневниот експеримент – наша цел беше да го пронајдеме животното со кое се хранел бувот.  Уште една пригодна тема за обработка беше хибернацијата – зимскиот сон со кој природата ги прилагодила животните во зимскиот период во кој е тешко да се дојде до храна. Ноември го завршивме со прекрасна пршетка до историско Конско, учевме за мов и лишаи. Децата уживаа во есента трчајќи низ паднатите листови барајќи да најдат мов и лишаи на дрвјата и камењата.

23168005_10155873621703288_6484063869643158022_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here