„Ден со природата“ во мај

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Мај  е месец кога времето се затоплува и  сите помислуваме колку би било убаво кога некаде би се разладиле. Првата наша едукација во овој месец беше посветена токму на оваа тема, се прошетавме до вештачкото езеро Паљурци, разговаравме за тоа како се прават вештрачките езера, каде во Македонија ги има и кои се природни езера во нашата татковина.

31944783_10156385291918288_8299250715780448256_n

Следниот викенд бевме во посета на метереолошката станица. Ги видовме сите инструменти кои се потребни за мерење на температурата  и  влажностa на воздухот, за брзината на ветрот, дознавме колкав период од денот бил сончев, учевме за испарување на водата и количината на врнежи. Изразуваме голема благодарност за прекрасното гостопримство  на вработените во Метереолошката станица во Гевгелија.

Последниот викенд од мај имавме работилница за доработка на нашите саксии од конзерви. Децата ја покажаа уште еднаш својата креативност и ги боеја  конзервите кои подоцна ги користиме за засадување на растенијата  во  нашата мала градина. Кон крајот на месецот изработивме  терариум и зборувавме за ефектот на стаклена градина, а изработените терариуми децата ги однесоа во своите домови каде ќе продолжат да се грижат за нив.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here