„Ден со природата“ во декември

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Првата половина од декември во проектот „Ден  со природата“ ја посветивме на новогодишниот базар, кој веќе  7 години традиционално го организира Фондација Аполонија. Децата преку својата креативност  изработија  прекрасни декоративни новогодишни украси   и со тоа допринесоа овој базар поуспешно да се реализира. Следниот викенд бевме во градскиот парк каде разговаравме и се потсетивме за што сè зборувавме оваа година, каде бевме, што ново научивме, што беше најинтересно.  Последниот викенд од годината децата добија пофалници и скромни подароци за нивниот труд и учество во проектот „Ден со природата“. Сите среќни и задоволни се гледаме во Новата година.

den

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here