„Ден со природата“ во април

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Првиот ден од месецот април, со цел одбележување на денот на шегата, децата беа маскирани во своите омилени ликови, па така масирани, со шега и смеа ја засадивме нашата градина. Сите деца имаа прилика да си одберат што ќе засадат, најголем број од девојчињата одбраа цвеќиња, другите засадија домати, блитва, пиперки, бамја, босилек и мирудија.

Ни пристигнаа и птиците преселници, а ние бевме во с. Богородица да им посакаме добредојде на штрковите. Ја раскажавме приказната за Силјан штркот и научивме многу повеќе за животот на штрковите, нивните тешки и долги патувања.

Следниот викенд се искачивме на ридот  над Богданци, заедно со нашиот водач Дејан Маџиров, со цел да го посетиме местото каде што вирее ендемскиот вид на растение Astragalus  physocalyx. Таму уживавме во чистиот воздух и убавиот поглед.

ND2

Истиот месец го одбележавме и денот на планетата Земја, ден кој веќе неколку години по ред традиционално го поминиуваме во еколошки акции и собирање на отпадоци. Нашата локација беше Вардарски рид. Фондацијата Аполонија најмалку два пати годишно организира вакви или слични акции сѐ со цел подигање на свеста за заштита на природата уште од најмала возраст. Децата се чувстуваа горди на својата добро завршена работа, на својот скромен придонес за доброто на планетата Земја.

ND1

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here