„Ден со природата“ во август

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Почетокот на месец август, период од годината кој изобилува со плодови, децата од проектот „Ден со природата“ го искористија за посета на с. Ново Конско. Оваа околина е полна со диви плодови, па децата имаа прилика да ги вкусат и одблиску да се запознаат со нивните  карактеристики.

Вториот викенд бевме во с. Богородица, тоа е едно од селата каде има најмногу гнезда од штркови во Македонија. Во првата половина од месец  август тие заминуваат на југ. Со децата разговаравме зошто заминуваат и каде одат, традиционално им посакавме среќен пат и си ветивме дека пак ќе дојдеме, следниот пат да ги пречекаме и посакаме добредојде.

38531433_10156619552393288_6118851275942526976_n 38524630_10156619553043288_3045205076416135168_n

И ова лето бевме на капење близу селото Ново Конско, познато кај локалците како Горничет. Го посетивме местото Сифулајка кое се наоѓа по течението на Коњска река, тука зборувавме за вулкани и ги разгледавме многубројните и големи камења кои сведочат за вулканската ерупција која се случувала многу одамна на планината Кожув. Децата со помош на песокот правеа експеримент – симулација на вулкан, се капеа во реката,  јадеа овошна салата и уживаа во природата.

Последниот викенд од август наша гостинка беше Џејми Диринг, волонтерка на Американскиот Мировниот корпус во Македонија. Со нејзини инструкции вежбавме јога и имавме работилница за накит.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here