„Ден со природата“ во август 2017

Posted in: Ден со природата, Образование
Tags:

Месецот Август децата вклучени во проектот „Ден со природата“ го започнаа со посета на пожарната станица во Гевгелија. Љубезните пожарникари ни објаснија како настануваат пожарите, кој ги причинува и дали можат сами од себе да настанат. Зборувавме за штетите кои пожарите ги нанесуваат на човекот и на природата. Продолживме со прошетките на Конска река и на Смрдлива Вода каде зборувавме за минералната  вода по која е позната планината Кожуф.

Во нашата последна активност учевме за преработување на користените материјали и добивање на нови материјали односно за процесот на рециклирање и што се можеме да рециклираме. Научивме дека со рециклирањето се спречува губење на материјали, намалување на потрошувачката на нови суровини, се намалува користењето на енергијата, се намалува загадувањето на воздухот и водата.

20953157_10155660086433288_5299017177883351322_n

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here