Ден со природата активности

Posted in: Ден со природата, Деца со посебни потреби, Подршка на заедницата
Tags:

12321548_10153784860783288_8410460058340046713_nДецата вклучени во проектот „Ден со природата“ и во изминатиов период имаа активности кои го побудија интересот за грижата за животната средина. ФОНДАЦИЈАТА АПОЛОНИЈА два пати годишно спроведува акции за садење дрвја. Така на 12ти и 13ти Декември во соработка со Македонски шуми, односно, Подружница „Кожув“ од Гевгелија, беа дел од пошумувањето на пределот Топлик. Секое дете имаше можност да засади по неколку дрвца. Приближувајќи се до претстојните Новогодишни празници и останувајќи доследни на традицијата, децата беа дел и од креативни работилници за изработка на Новогодишни и Божиќни украси. Работеа со природни материјали, но имаа можност да ја пробаат и декупаж техниката (техника на лепење хартија и салфетки на предмети кои би служеле за декорација).

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here