Визија и мисија

МИСИЈА

Фондацијата Аполонија поддржува и спонзорира образование, културно наследство, грижа за животната средина и проекти коишто им помагаат на поединци, групи, општества и институции за унапредување на нивните активности за подобрување на целокупната заедница. На тој начин, Фондацијата ја исполнува заложбата да им служи и да ги унапредува заедниците во коишто дејствува и да презема одговорност како граѓанин на светот за унапредување на тие заедници.

ВИЗИЈА

Фондацијата Аполонија беше основана во 2007 година со цел формализирање на вклученоста на Групацијата Аполонија во заедницата, во градот и општината Гевгелија и во Република Македонија, којашто започна пред повеќе од 29 години. Целта на Фондацијата е да им помогне на поединци, групи и институции во унапредување на нивните активности за подобрување на целокупната заедница со поддршка и спонзорирање на иницијативи во образованието, културното наследство и грижата за животната средина во тие услови.

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here