Аполонија Ден на крводарување

Posted in: Uncategorized
Tags:

Фондацијата Аполонија во соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ Општа болница Гевгелија и со Општинската организација на Црвениот крст, во просториите на хотелот Аполонија, на 18 октомври го организираа шеснаесетиот Аполонија Ден на крводарување. Оваа хумана акција Фондацијата ја организира два пати во годината, започнувајќи од  2010 година.

Според организаторите, вклучувањето на Фондацијата Аполонија во остварувањето на еднa од најблагородните човекови дејствувања – крводарителството, е во рамките на определбите на фондацијата за постојано поддржување и помагање на активности кои се дел од целокупното живеење.

Од година во година луѓето се повеќе ја изразуваат својата хуманост. Оваа година, во месец октомври ја достигнавме најголемата бројка во досегашното крводарување. Во оваа крводарителска акција се вклучија 72 крводарители од Гевгелија и регионот.

ABD

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here