„Аполонија Ден на крводарување“

Posted in: Uncategorized
Tags:

Фондацијата „Аполонија“ во соработка со Службата за трансфузиона медицина при ЈЗУ „Општа болница“ Гевгелија и со Општинската органзација на Црвениот крст, во просториите на хотелот „Аполонија“ во Гевгелија, на 12.10.2017 го организираа Четиринаесетиот „Аполонија Ден на крводарување“. Оваа хумана акција Фондацијата ја организира два пати во годината, започнувајќи од  2010 година.

Според организаторите, вклучувањето на Фондацијата „Аполонија“ во остварувањето на едно од најблагородните човекови дејствувања – крводарителството, е во рамките на определбите на фондацијата за постојано поддржување и помагање на активности кои се дел од целокупното живеење.

Во рамките на акцијата крводаруваа 46 крводарители од Гевгелија и регионот.

There are no comments published yet.

Оставете коментар

For access to detailed event information please register and sign in.
Members sign in here